USA WORK AND TRAVEL Програма

Summer kombe opsto

Сакаш патувања, забава, нови пријателства, авантура...
Зарем не ти здодеа монотонијата на секојдневниот живот?
Ти треба нешто ново, поинакво... Нови лица и карактери, самостоен живот далеку од дома. Звучи интересно, признај !!!

USA Work and Travel програмaта ги остварува твоите сништа!!!

Биди и ти дел од програмата за културна размена на студенти која овозможува престој и работа во САД за време на летниот распуст со максимално времетраење од 5 месеци.

Цел на програмата:

· Работа и престој во САД за време на летниот распуст;
· Запознавање со нова култура, начин на живот и работа во aмериканска бизнис средина;
· Подобрување на aнглискиот јазик;
· Посета на многубројни туристички атракции насекаде низ САД;
· Стекнување нови пријателства со студенти од целиот свет;
· Самостоен живот во друга земја - искуство и авантура;
· Можност за заработка (со која студентот го покрива своето сместување во САД и си овозможува дополнителните трошоци за прошетка, излегување, шопинг...).


Кои се критериумите за аплицирање?

· Основно познавање на aнглискиот јазик;
· Редовен студент како и редовно полагање на испити;
· Доволно средства за покривање на трошоците;
· И секако голема желба за посета на САД.

Процедура за аплицирање

Чекор 1
Интервју за утврдување на нивото на Англиски јазик на студентот од страна на претставник на ZIP Travel 

Чекор 2
Потпишување на договор за учество на програмата помеѓу студентот и ZIP Travel

Чекор 3
Избор на готова работна понуда од нашиот ZIP Job Pool или на еден од нашите саеми со работодавци од САД - ZIP Job Fair

Чекор 4
Комплетирање на сите потребни документи за во US Embassy – Скопје

Чекор 5
Интервју за виза во US Embassy – Скопје

 

Picture 005

 

Вкупната цена на програмата вклучува:
· Работна понуда по Ваш избор;
· DS 2019 формулар неопходен за аплицирање за Ј-1 виза;
· Здравствено осигурување во согласност со стандардите на програмата;
· Ориентација пред заминување;
· Work & Travel прирачник;
· Асистенција при аплицирање за Social Security Card;
· 24 часовна поддршка за време на престојот во САД.

 

Секоја сезона ZIP Travel на своите апликанти им нуди можност за користење на специјални промоции:
Early Bird Special
Second-timers are Back
ZIP You Go Free

Не пропуштај !