Work & Travel кредит!

04 Ное 2015

Доколку немаш доволно финансиски средства за трошоците наменети за програмата USA Work & Travel, а сакаш да заминеш на работа во САД, не очајувај ZIP Travel има склучено договор со НЛБ Тутунска Банка за наменски кредит за Work and Travel програмата.

nlbtutunska

Со Work & Travel кредитот, студентот може да ја покрие втората рата од програмата, како и трошокот за авионски билет.

Услови:

  • Кредитобарател може да биде кредитоспособно физичко лице (родител/старател) во редовен работен однос, вработенo во компании и институции прифатливи за Банката, додека корисникот на аранжманот за кого е наменет кредитот задолжително се вклучува како ко-кредитобарател;
  • За кредити со рок на отплата 8 месеци со вклучен бескаматен грејс период од 7 месеци: Задолжителен услов за кредитоспособност: месечна плата минимум 15.000 МКД;
  • За кредити со рок на отплата 24 месеци со вклучен бескаматен грејс период од 7 месеци: Задолжителен услов за кредитоспособност: месечен ануитет <= 1/3 плата.

За повеќе информации за кредитот, ве молиме кликнете тука.

Кога е Work & Travel, тогаш е ZIP Travel!

Не пропуштај !