USA Tax Refund

Доколку сте работеле во САД на програмите USA Work and Travel и Internship/Career Training, вие сигурно сте плаќале данок на приход на платата што сте ја заработиле. Дали сте заинтересирани за повраток на вашите пари? ZIP Travel е вистинското место да го направите тоа. Нашите даночни професионалци (нашата партнер агенција за обработка и повраток на данок) ќе ги направат сите напори за да ви овозможат најдобра услуга за повраток на платениот данок на приход во согласност со законот за данок во САД. Аплицирајте сега за да добиете повраток на средствата коишто веќе сте ги платиле во име на данок во 2013, 2014, 2015 година.

111111

Потрербни документи за повраток на данокот:

  • Апликација (издадена од страна на ZIP Travel);
  • Копија од вашиот пасош;
  • Копија од визата за САД;
  • Копија од формуларот DS 2019;
  • Копија од Social Security Card;
  • W-2 Формулар и/или последен paycheck од сите ваши работодавци во САД (оригинали).

* Важно е да ни ги доставите W-2 Form и/или последните paychecks од вашите работодавци коишто сте ги имале за време на вашата работа во САД за да можеме да ја спроведеме процедурата за повраток на данокот.

W-2 формулар- го покажува вашиот приход и платениот данок за време на календарската година. Според законот на САД, секој работодавец е должен по пошта да го испрати W-2 формуларот пред 31 јануари на адресата дадена од студентот/работникот. Ако сѐ уште не сте го добиле W-2 формуларот од сите ваши работодавци до крајот на февруари, ве молиме побарајте наша помош за побрзо пронаоѓање на вашиот W-2 формулар.

 

Средства:

Износот на вратениот федерален и државен данок зависи од државата во којашто сте работеле, вкупната плата што сте ја примале и вкупните давачки што сте ги платиле на Владата на САД ( во 90 од 100 случаи овозможуваме 100% повраток на средствата што сте ги платиле во име на данок во САД). .
Данокот за Social Security и Medicare за корисниците на J, F, M или Q визите се враќа 100%.

 

Времетраење на процесот за повраток на паричните средства

Почнувајќи од 1 Јануари, просечното време за обработка на апликацијата за Tax Refund за федерален и државен данок изнесува од 80-120 дена од датумот на поднесување на сите потребни документи. Ако ја поднесете вашата апликација после 1 Април, процесот може да потрае и до 180 дена. Во случај институциите на САД да побараат прегледување на вашите даночни формулари и соодветен доказ за автентичноста на поднесените документи, процесот за повраток на средствата може да потрае подолго отколку вообичаено.
Данокот за Social Security и Medicare се враќа просечно во период од 6-8 месеци, поради тоа што студентите кои заминале во Америка на J1виза, не се обврзани да ги плаќаат овие даноци.

 

 

Не пропуштај !